Поради тајфун во Јапонија евакуирани повеќе од 72.000 луѓе

Од:

На повеќе од 72.000 луѓе во јапонската префектура Шизуока им е наредено да се евакуираат поради наближувањето на тајфунот Меара.

Метеоролошката служба соопшти дека тајфунот се очекува денеска да го погоди јапонскиот брег на Пацификот во близина на Токио и предупреди на можни поплави, излевање на реки, лизгање на земјиште и силни ветрови, особено во регионот Токаи во централниот дел на земјата.

Прва на удар ќе биде префектурата Шизуока.

Тајфунот моментално се наоѓа на 200 километри југозападно од Шизуока и се движи кон север со брзина од 20 километри на час. Се очекува тајфунот да биде над североисточниот брег до утре наутро, а потоа да се движи североисточно во Тихиот Океан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија