Поради страв од Ердоган 65 Турци бараат азил во Босна и Херцеговина

Од:

Најмалку 65 турски граѓани побараа политички азил во Босна и Херцеговина, која како и многу други земји се соочува со барања на Анкара да ги екстрадира сите оние за кои Турција смета дека се одговорни за движењето Фето имам Фетулах Гулен, објави сараевски Дневни аваз.

Помошник министерот за безбедност на БиХ, Маријан Баотиќ, изјави дека оваа година 43 турски државјани побарале азил, додека 22 тоа го сториле во 2018 година.

Сите овие барања беа објаснети со стравот од прогон во нивната земја, бидејќи тие припаѓаат на социјална група која е критички настроена кон режимот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Турскиот претседател за време на работната посета на Сараево, побара од членовите на Претседателството на БиХ да ги екстрадираат сите граѓани за кои се верува дека се членови на организацијата Гулен, за кои турските власти се сомневаат дека се одговорни за неуспешниот обид за државен удар од 2016 година.

Босанските медиуми објавија дека на листата на Ердоган имало десет лица.

Турскиот амбасадор во БиХ, Халдун Коц потврди на прес-конференција во петокот дека Турција, во соработка со БиХ, работи на затворање, како што рече, на образовните институции поврзани со Фета и екстрадиција на турски граѓани кои живеат во БиХ, а се членови на “терористичка организација”.

“Ние утврдивме кои се овие лица, а Босна и Херцеговина поднесе барање за нивна екстрадиција, сé е направено според меѓународното право и правните принципи”, рече турскиот амбасадор во БиХ.

Одделот за надворешни работи за Аваз потврди дека сé поголем број Турци сакаат босански пасош.

Досега Судот на БиХ ги отфрли барањата на Турција за екстрадиција, осврнувајќи се на фактот дека Обединетите нации не ја прогласија организацијата Фета за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица