Поради пожарите на Канарските Острови евакуирани 10 илјади лица

Од:

Повеќе од 1000 пожарникари и припадници на службата за вонредни ситуации сè уште се борат со големиот пожар на Канарските Острови, поради што се и евакуирани над 10 илјади лица.

Ситуацијата денеска е нешто подобра, со оглед на тоа дека температурата е пониска, а ветрот е послаб.

Во пожарот на островот Гран Канарија досега изгореја повеќе од 12 илјади хектари шума.

Претседателот на Канарските Острови Анхел Торес соопшти дека пожарот губи на силина и оти „срцето“ на островскиот главен природенден резерват Тамабада останало незасегнато.

Синоќа властите рекоа дека пожарот е „надвор од контрола“ и оти брзо се шири кон јужниот дел на островот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплавите во Шпанија однесоа шест жртви

Уште една жртва во невремето што ја зафати Шпанија

Ана Ололовска

Шпанската партија Вокс бара изградба на ѕид околу двете енклави во Мароко поради мигрантите

Ана Ололовска

Црвен метеоаларм за југоистокот на Шпанија, две лица загинаа во поплавите

ВИДЕО: Стотици илјади луѓе протестираа за независност на Каталонија

Татјана Ташкова

Шпанија се поблиску до предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска