Поради пожарите масовно се евакуираат жителите од Орегон и Калифорнија

Од:

Пожарите што горат на западниот брег на САД принудија десетици илјади жители на американската сојузна држава Орегон да ги напуштат своите домови, а вкупно половина милион се под наредба за евакуација.

За само неколку дена, илјадници домови во Орегон, најновиот епицентар на големиот пожар во државите на Западниот брег, беа уништени, при што загинаа најмалку 25 лица и изгоре подрачје со големина на Њу Џерси, јави Гласот на Америка.

Најмалку осум лица починаа во Орегон, а гувернерката Кејт Браун предупреди дека бројот на жртви може да биде далеку поголем, имајќи предвид дека десетици луѓе се водат како исчезнати во три окрузи.

Во Калифорнија, Орегон и Вашингтон горат пожари, кои беа предизвикани за време на прославата на Денот на трудот, а квалитетот на воздухот значително се влоши поради пепелта.

На пожарникарите во Калифорнија и Орегон сепак би можело да им помогнат нешто подобрите временски услови – послаби ветрови и зголемена влажност на воздухот.

– Ова е климатска вонредна состојба што сега се случува. Совршена бура, рече гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

Во таа земја, 68 илјади луѓе мораа да бидат евакуирани, а повеќе од 3.900 куќи и други згради беа изгорени во изминатите три недели, колку што траат пожарите. Десетици илјади пожарникари се обидуваат да изгаснат 28 големи пожари низ Калифорнија.

Белата куќа, во меѓувреме, објави дека претседателот Доналд Трамп утре ќе ја посети Калифорнија и ќе се сретне со локални и федерални претставници.

По неколку дена екстремно високи температури и силни ветрови, на пожарникарите малку надеж им даде поблагиот ветер од Пацификот, па се надеваат дека ќе можат да контролираат дел од пожарот.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов