Кинеската централна дисциплинска комисија денеска казни 26 функционери на Комунистичката партија на Кина.
Како што се наведува, причината за казната е тоа што тие не сториле доволно за да спречат ново избивање на епидемија на коронавирус во северниот град Ксиан.
Официјалните лица добија опомена за „недостиг на строгост во спречувањето и контролирањето на епидемијата“, се вели во соопштението на комисијата.
Ксиан денеска пријави 49 нови случаи на коронавирус, а бројот на нови пациенти се искачи на 250 од почетокот на месецот.
Властите наредија затворање на градот со 13 милиони жители во средата, еден месец пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.