Поради кризата и падот на стандардот, зголемен е криминалот во селата во Британија

Од:

Кражбата на добиток, возила и гориво во селата е во пораст поради кризата на животниот стандард во Велика Британија, се нагласува во извештајот за рурален криминал од осигурителната компанија NFU Mutual.

Износот на штети за исплати на осигурување поради рурален криминал во периодот од јануари до март е над 40 отсто поголем од 2021 година, соопштија од осигурителната компанија.

Тие предупредуваат дека зголемувањето на цените на прехранбените производи може да доведе до дополнително зголемување на кражбите на добиток и влегување на загаденото месо во синџирите на исхрана, јави Би-би-си.

NFU Mutual сака владата да формира национална работна група за справување со руралниот криминал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници