Поради Ковид-19, 2020 година e „лоша“ година за демографијата во Франција

Од:

Францускиот национален институт за статистички и економски студии (ИНСЕЕ), ја претстави демографска проценка на земјата, потресена од прекумерната смртност поврзана со Ковид-19. Пандемијата има големо влијание не само на смртните случаи, туку и на опаѓањето на животниот век, раѓањата, намалувањата нановосклучените бракови.

На 1 јануари 2021 година, според проценките на ИНСЕЕ, Франција има 67,4 милиони жители. Во текот на 2020 година, населението се зголеми за 0,3%. Половина од ова зголемување се должи на природната рамнотежа (+ 82.000 луѓе во 2020 година), односно разликата помеѓу бројот на раѓања и смртни случаи. Главен факт на оваа проценка, природната рамнотежа нагло опадна како резултат на наглиот пораст на смртните случаи поврзани со Ковид-19 во комбинација со падот на раѓањата. „Природната рамнотежа стабилно опаѓа од 2016 година и повторно достигна многу ниска точка во 2020 година“, забележува ИНСЕЕ. Нето миграцијата изнесува + 87 000 луѓе, според проценките на ИНСЕЕ.

Во текот на 2020 година обележана со епидемијата Ковид 19, зголемувањето на смртните случаи е „над мерка“, забележува ИНСЕЕ. Односно 667.400 смртни случаи од сите причини беа регистрирани во 2020 година во Франција, или 9% повеќе отколку во 2018 или 2019 година. Во 2020 година имаше 53.900 смртни случаи повеќе од 2019 година. Демографскиот извештај – помалку ажуриран за овие најнови податоци, бидејќи се базира на проценки на крајот на ноември – дава понизок процент: 658.000 смртни случаи во 2020 година (зголемување од 7,3%). Додека голем број од овие смртни случаи можат да бидат поврзани со Ковид, точниот удел на пандемијата не е познат. Јавното здравство Франција, од своја страна, минатата недела посочи дека 69.313 лица починале од Ковид-19 во болници или домови за стари лица. Вишокот морталитет е особено важен за луѓето на возраст од 65 години и повеќе со 43.000 смртни случаи повеќе отколку во 2019 година. За споредба, топлотниот бран од август 2003 година предизвикал 15.000 смртни случаи, додека грипот во зимата 2017-2018 година предизвикал 10.000 смртни случаи. Но, мора да го земеме предвид и возраста на генерацијата на бејби-бум. Феномен што го зголеми бројот на смртни случаи во Франција во последните неколку години.

Во 2019 година, очекуваното траење на животот сè уште се зголемуваше малку. Но тоа запред да напредува во 2020 година. Очекуваниот животен век при раѓање сега изнесува 85,2 години за жените и 79,2 години за мажите. Жените изгубија 0,4 години, а мажите 0,5 години. Намалувањето би можело да биде уште поголемо, од 0,1 година, земајќи ги предвид последните податоци за смртноста. „Ова намалување е двојно поголемо од 2015 година кога зимскиот грип беше многу смртоносен“, забележува ИНСЕЕ. Сепак, очекуваното траење на животот при раѓање е повеќе од фотографија што ги рефлектира условите на смртност во тоа време.

Во 2020 година, 740.000 бебиња се родени во Франција, односно 13.000 помалку раѓања отколку во 2019 година (- 1,8%). „Бројот на раѓања се намалува секоја година веќе шест години по ред“, посочува ИНСЕЕ. Сепак, оваа намалување не може да му се припише на Ковид-19. Откако офијално Ковид-19 пристигна во Франција во март, тоа можеше да има ефект само на раѓањата во декември … девет месеци подоцна. Вкупната стапка на плодност е исто така намалена, со 1,84 деца по жена во 2020 година наспроти 1,86 во 2019 година.

Во 2020 година беа склучени 148.000 бракови, од кои 144.000 беа меѓу лица од различен пол и 4000 меѓу лица од ист пол. Ова е „историски пад“ од -34,1% од 2019 година, објаснето со забраната за свадбени прослави за време на затворањето и потоа со строгото ограничување на бројот на гости во следните месеци. Неповолни услови за славење на унија…

„Немаше скоро никакви бракови во април-мај, и значително помалку од претходните години во јуни-јули“, забележува ИНСЕЕ.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден