Поради коронавирусот состаноците на лидерите на ЕУ повторно онлајн

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека лидерите на ЕУ27 ќе одлучат како најдобро да ја продолжат својата работа во пресрет на новиот бран на епидемијата на коронавирусот во Европа.

– Ситуацијата е комплицирана, ќе се договориме како ќе продолжиме да работиме. Видео конференциите се добри, но имаат свои граници кога станува збор за чувствителни дебати, рече Мишел.

На крајот на вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ27 во Брисел, Шарл Мишел изјави дека две членки на Европскиот совет морале да го напуштат состанокот поради контакти со заразени лица.

Тој додаде дека има лидери на ЕУ кои повикуваат на „поголема претпазливост“ во сегашните околности, но исто така и оние кои се залагаат состаноците на највисоко ниво на ЕУ да останат со физичко присуство поради ефикасноста во донесувањето одлуки и градењето консензус.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески