Поради Асанж напнато пред Амбасадата на Еквадор во Лондон

Од:

Еквадор одлучува за азил за Асанж, Британците се закануваат со упад во амбасадата

Властите во Еквадор денеска ќе ја обзнанат  одлуката  за политички азил на основачот на Викиликс , Џулијан Асанж.

Тој   се крие во амбасадата  на Еквадор  во Лондон .

Асанж се бара по обвинение за силување во Шведска, но стравува и дека може да биде депортиран во САД каде може да му се суди за објавување на голем број на тајни документи.

Британските власти се закануваат  дека ќе упаднат во амбасадата за да го уапсат и екстрадираат  Асанж. Пред амбасадата има и полиција  а тука се и приврзаници на Асанж.

БиБиСи го цитираше портпаролот на британското Министерство за надворешни работи дека земјата го потсетила Еквадор „во текот на процесот“ на „релевантни одредби” во законот. Тој изјави дека тие вклучуваат „обемни заштитни мерки на човековите права во постапките за екстрадиција”, како и можноста за одземање на дозволата за дипломатски статус на просторот во амбасадата. Британските власти остануваат посветени на исполнувањето на обврската за екстрадиција на Асанж, нагласи портпаролот на Форин офисот.

„Непријателски и екстремен“ напад врз барателите на азил, вака ја квалификува веб страната  Викиликс намерата на британските власти.

 

 

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА