Поради американска бомба тешка 250 килограми евакуирани 15.000 жители на Дрезден

Од:

Неексплодирана американска бомба од Втората светска војна е пронајдена во германскиот град Дрезден при ископувања.

Затоа има потреба од евакуација на најмалку 15.000 луѓе, соопшти денеска полицијата.

Станува збор за воздушна бомба тешка 250 килограми од американско производство, се вели во соопштението за медиумите, известува весникот „Билд“.

Бомбата треба да се деактивира на лице место, а неутрализацијата ќе започне попладне. Според извештајот, дотогаш од околните згради ќе треба да бидат евакуирани до 15.000 луѓе.

Во опасната зона има два домови за стари лица, пишува весникот и додава дека ќе се преземат мерки за безбедност на пациентите, а сообраќајот ќе биде запрен за никој да не биде загрозен.

Во целата акција учествуваат 385 полицајци, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Србин во Дрезден се обидел да ја убие поранешната девојка

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија