Популарноста на Емануел Макрон се зголемува малку кај Французите

Од:

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон се зголеми малку во септември, за да достигне 38 отсто на позитивните мислења за неговата работа, наспроти 36 отсто во август.

Ова произлегува од анкетата спроведена од Ифоп за Журнал ди Диманш. Бројот на незадоволство од работата на претседателот на Француската републиката опаѓа за еден поен, од 63 на 62 отсто, според истата студија.

Популарноста на Емануел Макрон во оваа фаза од неговиот мандат во Елисејската палата ја надминува за 15 поени од онаа на неговиот претходник Франсоа Оланд (23 отсто) во истиот период на власт, и за шест бода на Никола Саркози (32 отсто) во истите услови. Ниту Саркози, ниту Оланд не успеаја да бидат повторно избрани по крајот на петгодишниот мандат.

Бројот на испитаниците задоволни од работата на премиерот Жан Кастекс е намалена за три поени, од 48 отсто во август на 45 отсто во септември. Процентот на незадоволни лица останува стабилен и изнесува 46 отсто.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии