Поплави во Австралија: Тинејџер каснат од крокодил за време на евакуацијата

Од:

Тинејџер бил каснат од крокодил за време на евакуација од поплави во северна Австралија. Радио ABC јавува дека 17-годишникот бил каснат за задниот дел од ногата од крокодилот. Околу 700 луѓе се евакуирани од Калкаринџи, на околу 770 километри јужно од градот Дарвин, откако реката Викторија се излеа од нејзиното корито објавија властите.

„Австралиската армија ни даде три големи авиони, два C130 и еден C27, и тие работат на транспорт на евакуирани“, рече Паеч.

Големите поплави донеле дополнителен ризик од раселување на крокодилите „Кога реката се излева од своите корита, тие се насекаде“, изјавија од локалните власти за Би-Би-Си. Евакуираните ќе бидат сместени во Хауард Спрингс, а децата ќе можат да посетуваат локални училишта, соопштија официјални лица.

Патиштата до многу населени места се отсечени. Тамошното биро за метеорологија соопшти дека реката Викторија достигнала височина од 14 метри кај Калкаринџи, но сега се повлекува.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи

ВИДЕО: Полицаец убил познат автралиски ТВ водител и неговто момче

Катерина Ѓуровски

Австралија: Околу 64.000 луѓе останаа без струја поради циклонот Кирили