Помпео за преговорите со Талибанците: Ќе има несогласувања, но важно е да се разговара

Од:

Долгоочекуваните разговори меѓу завојуваните страни во Авганистан веројатно ќе доведат до несогласувања, предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео, но додаде дека разговорите се единствениот начин да се постигне мир во земјата по повеќедеценискиот конфликт.

Помпео ги коментираше преговорите на патот кон Катар, аде треба да почнат утре

– Ни требаше подолго време отколку што сакав, од потпишувањето на договорот до почетокот на преговорите, но очекувам дека во сабота наутро, првпат по речиси две децении, ќе седнеме со авганистанската страна за заедно да воспоставиме мир во земјата, рече Помепо за време на летот за Доха.

Преговори се предвидени со мировниот договор што САД го склучија со Талибанците во Доха на 29 февруари. Договорот има за цел да стави крај на војната во Авганистан и повлекување на американските трупи од земјата.

Во предизборната кампања, претседателот Доналд Трамп вети дека ќе ги повлече војниците од Авганистан, а сега, во пресрет на претседателските избори на 3 ноември, Вашингтон се залага за преговори со авганистанската страна.

На вчерашната прес-конференција Трамп ги нарече разговорите „возбудливи“ и рече дека Вашингтон очекува да бидат повлечени до 4.000 војници до ноември.

Иако почетокот на преговорите беше одложен, Вашингтон веќе почна со повлекување на дел од 13.000 американски војници од Авганистан од потпишувањето на договорот.

Помпео јасно стави до знаење дека САД се подготвени да ја вратат војската во Авганистан доколку постои закана и доколку Талибанците не ги исполнат своите обврски од договорот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски