Помпео во посета на Казахстан

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео од Белорусија допатува во Казахстан каде што имаше средба со премиерот Мухтар Тлеуберди.

По состанокот, Помпео рече дека разговарале за трговијата со луѓе и проблемите на муслиманските Ујгури и Казахи притворени во кинеската провинција Синџијанг.

Едноставно бараме од нив да обезбедат сигурно засолниште и азил на оние кои сакаат да ја напуштат Кина, рече Помпео.

Тој им честиташе на казахстанските власти што ги прифатија борците на таканаречената Исламска држава од Ирак и Сирија и ги повика да продолжат со реформите што ќе привлечат повеќе американски инвестиции.

Помпео рече дека САД ќе му помогнат на Казахстан и да се заштити од коронавирусот.

Во рамки на турнејата по Европа и Централна Азија, Помпео, покрај Казахстан, Белорусија и Украина, ќе го посети и Узбекистан.

Би можело да ве интересира

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Поранешниот шеф на ЦИА стана директор на украинска компанија за мобилни телефони

Горан Наумовски

Џафери не смее да излезе од Македонија: Зошто собранискиот спикер не патува истовремено со претседателот

Орце Костов

Помпео: Бугарија има шанса да го реализира својот потенцијал како енергетски центар во југоисточна Европа

А1он

Министерот за туризам на Грција: Во јули имавме над 900 000 пристигнувања седмично

А1он

Помпео: Во Вухан се изведуваат тајни воени експерименти

Катерина Ѓуровски