Трамп ќе преземе мерки против кинеските компании, размислува и за забрана на „Тик Ток“

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп набрзо ќе преземе чекори против кинеските софтверски компани кои пренесуваат податоци директно до Владата во Пекинг, изјави денеска американскито државе секретар Мајк Помпео.

Тој наведе дека активностите на тие компании претставуваат ризик за американската национална безбедност.

Трамп претходно изјави дека разгледува многу алтернативи за видео-апликацијата ТикТок на кинеската фирма „Бејт денс“.

– Го набљудуваме ТикТок. Можеби ќе ја забраниме ТикТок. Можеби ќе направиме и други работи, изјави Трамп.

„ТикТок“ е во сопственост на кинеската интернет компанија БејтДенс, чија вредност се проценува на 100 милијарди долари.

Њујорк тајмс претходно објави дека компанијата Мајкрософт наводно преговара за купување на ТикТок.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел