Помпео со критика до Кина поради ситуацијата во провинцијата Синџијанг

Од:

Во говор пред законодавците на сојузната држава Висконсин, американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска предупреди за кинеското влијание врз политикита и изборите во САД и впери прст кон Пекинг за третманот на муслиманското малцинство во Кина.

Откако беше прашан дали Вашингтон планира да изнесе официјален став за осуда поради жестокото однесување на власта со муслиманите, тој изјави дека САД размислуваат како да го формулираат описот на ситуацијата во кинескиот регион Синџијанг.

Државниот секретар рече дека за тоа прашање треба внимателност и прецизност.

-Ние размислуваме какви формулации да употребиме кога се посочува на таа ситуација. Кога говориме за злосторства против човештвото или за геноцид треба да бидеме многу внимателни и многу прецизни, затоа што тоа има голема значење, изјави Помпео на настап во Капитолот на сојузната држава Висконсин.

Би можело да ве интересира

Во САД и Франција втор ден по ред рекордни бројки на новоинфицирани

Жарко Настоски

Во САД рекордни над 83.700 новозаразени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата

А1он

Бугарија и САД потпишаа документи околу 5Г мрежите и нуклеарната енергија

Жарко Настоски

Американската амбасада во Анкара привремено се затвора од безбедносни причини

Жарко Настоски

Универзитет Колумбија: Администрацијата на Трамп можела да спречи смрт од Ковид-19 на 210.000 Американци

Ана Ололовска

Делегација на Министерството за енергетика на САД во посета на Србија: Договорот од Вашингтон носи просперитет за регионот

А1он