Помпео се закани со санкции поради иранскиот танкер

Од:

САД ќе преземе се што е можно со цел да го спречи иранскиот танкер да достави нафта за Сирија и на тој начин да ги прекрши американските санкции, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој ја предупреди официјална Атина да не му помага на иранскиот танкер и се закани со санкции доколку тоа се случи.

Грција соопшти дека не добила никакво барање од танкерот за да пристигне во некое од нејзините пристаништа.

– Јасно ставивме до знаење дека секој што ќе го допре бродот, секој што ќе му дозволи да влезе во некое пристаниште, ризикува да му бидат воведени санкции од страна на САД, истакна Помпео.

Американскиот државен секретар порача дека САД ќе направат се што е можно за да го спречат заминувањето на танкерот во Сирија. На танкерот се наоѓаат околу два милиона барели нафта.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност