Помпео: Сакаме „значително разоружување“ на Северна Кореја за 2,5 години

Од:

САД сакаат Северна Кореја да спроведе „значително разоружување“ во следните две и пол години, изјави денеска во Сеул американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Шефот на американската дипломатија допатува во Сеул за да ги информира јужнокорејските претставници за вчерашната средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур.

Трамп и Ким постигнаа договор со кој се потврдува посветеноста на Северна Кореја да „работи на целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров”, но, не беа дадени детали кога Пјонгјанг ќе се откаже од нуклеарниот арсенал или како тоа може да биде проверено.

Помпео очекува до крајот на сегашниот мандат на Доналд Трамп, на 20 јануари 2021 година, да се постигне значително нуклеарно разоружување на Северна Кореја. – Се надевам дека тоа може да се постигне за две и пол години, рече Помпео.

– Јас сум уверен дека тие ќе сфатат оти ќе има темелна проверка, рече Помпео, додавајќи дека првичниот договор меѓу Трамп и Ким не опфатил се што било договорено од двете страни.

Американскиот државен секретар нагласи дека претстои уште работа за да биде постигнат поголем напредок.

Тој изрази увереност дека преговорите меѓу САД и Северна Кореја ќе бидат обновени „во текот на следната недела“.

Помпео соопшти дека американските и јужнокорејските воени вежби, чие запирање беше најавено од Трамп, ќе бидат обновени ако Северна Кореја не преговара искрено за својата нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски