Помпео: САД сака да го задржи ембаргото на ООН за оружје на Иран

Од:

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека САД, во смисла на заштита на американските трупи, одговориле правилно на разузнавачките извештаи дека Русија плаќала на Талибанците за да убиваат американски војници во Авганистан.

Говорејќи на прес-конференција, Помпео не го потврди разузнавачкиот извештај, ниту пак рече дали американскиот претседател Доналд Трамп бил свесен за извештајот.

Говорејќи за Иран, тој рече дека целта на администрацијата на Трамп не е да го продолжи ембаргото на ООН за оружје на Иран за кратко време, туку дека ќе даде се од себе за да го одржи во сила ембаргото, кое истекува во октомври.

– САД имаат недвосмислено право, без согласност од која било друга држава, да обезбедат ова ембарго на оружје да остане во сила, рече Помпео.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад