Помпео: САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција за ратификација на Договорот од Преспа

Од:

САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција да го ратификува Договорот од Преспа, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Во изјава за МИА, Помпео укажа дека грчките лидери покажале визија, храброст и истрајност во определбата за изнаоѓање на решение за проблемот со името. – Ова решение ќе и овозможи на Република Северна Македонија да го заземе своето вистинско место во НАТО и ЕУ, вели Помпео.

Во изјавата понатаму се вели дека САД аплаудираат на оваа историска можност за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност