Помпео: Русија и Кина се закана за напредокот на демократијата и слободниот пазар

Од:

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео за време на денешната посета на Братислава побара од земјите од Источна и Централна Европа да се спротивстават на кинеското и руското влијание.

Тој истакна дека Кина и Русија претставуваат двојна закана за напредокот на демократијата и слободниот пазар по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година досега.

Според Помпео, земјите од Источна и Централна Европа се исклучително ранливи од алчните инвестиции и политичкото мешање.

За да се спротивстават на таквата закана, САД ќе го зголемат својот ангажман во регионот преку договори за соработка во опдбраната и програми за размена, објасни државниот секретар на САД.

Словачка е втората земја, по Унгарија, во европската турнеја на Помпео, во чии рамки тој ќе ги посети уште Полска, Белгија и Исланд.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он