Помпео разговараше со шефот на данската дипломатија, еден ден откако Трамп ја откажа посетата на земјата

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео разговараше со шефот на данската дипломатија Јепе Кофод и ја пофали американско-данската соработка во областа на безбедноста, само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш ја откажа посетата на Данска заради тоа што ја одбија неговата идеја за купување на Гренланд.

„Секретарот Помпео телефонски разговараше со данскиот министер Кофод во врска со одложувањето на посетата на претседателот Трамп на Данска“, соопшти порпаролката на Стејт департментот Морган Ортагус, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението се додава дека Помпео изразил почит кон соработката со Данска како еден од сојузниците на САД, како и за придонесот на оваа земја во разгледувањето на заедничките глобални приоритети во областа на безбдноста.

Помпео и Кофод, исто така, разговарале за засилување на соработката со Данска, вклучувајќи го Гренланд на Арктикот.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски