Помпео: Нашите посебни односи со Британија ќе напредуваат

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека „посебниот однос“ кој САД го имаат со Британија ќе напредува без оглед на тоа што ќе се случува со Брегзит, и покрај разликите што ги имаат двете држави околу Иран и учеството на кинеската компанија „Хуавеј“ во развојот на британската комуникациска 5Г мрежа.

– Во сите мои разговори и со Џереми (британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант) и со премиерката Меј беше очигледно дека „посебните односи“ што ги имаме не се само трајни, туку дека напредуваат, рече Помпео на заедничка прес конференција со британскиот министер Хант.

Американскиот државен секретар денеска дојде во Лондон на разговори со премиерката Тереза Меј и министерот за надворешни работи Џереми Хант, еден месец пред официјалната посета на американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“