Помпео и Мун: Договор за втор самит САД-Северна Кореја што е можно побрзо

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, постигнале договор што поскоро да се одржи вториот американско-севернокорејски самит, соопшти Кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Помпео пристигна во Сеул по четвртата посета на Северна Кореја, при што имаше средба со Ким.

Американскиот државен секретар соопшти дека САД и Северна Кореја се согласиле да продолжат разговори за датумот и локацијата на следниот самит, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин.

Мун му се заблагодари на Помпео за неговата посета и изрази надеж дека потенцијалниот втор самит на Ким и американскиот претседател Доналд Трамп би бил успешен, кои за првпат се сретнаа во јуни во Сингапур.

„Искрено се надевам дека вашата посета, како и претстојните, се надевам, брз самит на САД и Северна Кореја ќе доведат до неповратни и одлучувачки напредок во процесот на денуклеаризација и мировниот процес”, нагласил Мун.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ким Џонг Ун плачејќи ги повика жените да раѓаат повеќе деца за доброто на партијата

(ВИДЕО) Рустеми: Не ме викнале на распит за надзорот на „Бехтел и Енка“, стојам на располагање на обвинителството

Ким Џонг-ун патува за Русија со специјален воз

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Ковачевски и Мицкоски на средба в среда, ќе се разговара и за мнозинство за промена на Уставот

Орце Костов

Ковачевски: „Бехтел и Енка“ не сакаат договорот да биде достапен на пошироката јавност

Орце Костов