Помпео и Столтенберег го осудија иранското дестабилизирачко насилство во регионот

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг телефонски разговараа за „опасниот“ напад врз воздухопловните бази во Ирак, Ајн ал-Асад и Ербил, и иранската закана по регионот, изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Помпео уште еднаш го истакна апелот на американскиот претседател Доналд Трамп за поголема инволвираност на НАТО на Блискиот Исток. Двајцата се согласија дека може да биде поголемо учеството на Алијансата во регионалната безбедност и борбата против меѓународниот тероризам.

– Помпео и Столтенберг испратија заедничка осуда поради иранското дестабилизирачко насилство и укажаа дека остануваат посветени во борбата против меѓународниот тероризам, вклучително и преку учеството на НАТО во Глобалната коалиција за пораз на ИД и со мисии за воени обуки во Ирак и во Авганистан, изјави Ортагус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше Протоколот за НАТО

Ана Ололовска

САД: Потврден прв случај на заболен од новиот коронавирус од „непознато“ потекло

Ана Ололовска

Авион принудно слета поради запалување на батерија на мобилен телефон

А1он

Трамп: Ризикот од ширење на новиот коронавирус во САД останува низок

Ана Ололовска

Иако прими најмногу удари во дебатата, Сандерс со добри шанси да победи во Јужна Каролина

А1он

САД планираат да потрошат 167 милијарди долари за нуклеарно оружје до 2025 година

А1он