Помпео го повика Ватикан да го осуди прекршувањето на верските права во Кина

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска го повика Ватикан да им се придружи на САД во осудата на прекршувањето на верските слободи во Кина, посочувајќи дека Католичката црква треба да ја води борбата за основните човекови права.

Тој на конференција за верски слободи, организирана од американската амбасада во Ватикан, рече дека никаде во светот верските слободи не се нападнати толку многу како во Кина.

-Мораме да ги поддржуваме оние кои бараат поголема слобода, рече Помпео.

Во исто време, тој повика на поголема посветеност на верските водачи и побара тие да застанат во одбрана на сите верници.

Секретарот на Светата столица за односи со државите Пол Рикардо Галагер рече дека папата нема да се сретне со Помпео и истакна дека Ватикан ја нагласува важноста на дијалогот и взаемното почитување во сите свои дипломатски односи.

Во пресрет на посетата на Ватикан, Помпео напиша колумна за списанието „Фрст тингс“, во која посочи дека Ватикан го загрозил својот морален авторитет со потпишување на договор со Пекинг во 2018 година. Галагер рече дека причина зошто папата Франциск не го примил Помпео е близината до датумот на одржување на претседателските избори во САД.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски