Помпео го обвини Иран за нападите со дронови во Саудиска Арабија

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа го обвини Иран за нападите врз саудиските нафтени постројки, бидејќи ја исклучи вмешаноста на Јемен во нив. Притоа тој го обвини официјален Техеран дека се занимава со лажна дипломатија.

„Техеран стои зад речиси 100 напади врз Саудиска Арабија, додека Рохани и Зариф се претвараат дека се вклучени во дипломатијата“, напиша Помпео на својот Твитер профил.

И покрај сите повици за деескалација Иран сега почна напад без преседан на светското снабдување со енергија, додаде Помпео, не нудејќи докази за потеклото на нападот, пренесуваат британските медиуми.

Припадниците на јеменското племе Хути вчера ја презедоа одговорноста за нападите со дронови врз погоните на компанијата „Сауди Армако“, соопшти воениот портпарол на Хутите.

Локалната телевизија Ал Масирих, блиска до оваа бунтовничка група, јави дека Хутите употребиле 10 дронови за напади врз нафтените постројки и ветиле дека ќе ги прошират нападите врз Саудиска Арабија, која ја предводи коалицијата против нив во Јемен.

Саудиска Арабија претходно соопшти дека две нивни постројки биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари, но не наведе кој стои зад нападот.

Пожари избувнаа во рафинеријата на Армако и на нафтеното поле Хураис.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана