Помпео: Доколку е потребно Трамп е подготвен да употреби воена сила

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп е подготвен да употреби воена сила ако биде потребно, изјави државниот секретар Мајк Помпео во синоќешното интервју за ТВ ЦНБЦ одговарајќи на прашање за кризата во односите со Турција.

– Ние повеќе сакаме мир од војна. Но, во случај да биде потребна „кинетичка акција“ (еуфеминизам за активна примена на смртоносна воена сила) или воена акција треба да се знае дека претседателот Трамп во целост е подготвен да преземе таква акција, посочи Помпео.

Помпео одби да каже која е „црвената линија“ која би поттикнала американски воен одговор.

– Економска сила употребивме и сигурно ќе употребиме. Ги користиме и своите диполоматски сили. Тоа се нашите преференци, посочи Помпео.

Стејт департментот одби да ја коментира изјавата на Помпео.

Кризата во билатералните односи Вашингтон – Анкара се интензивира по турската офанзива во северна Сирија.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски