Помпео бара од Кина да ги ослободи двајцата Канаѓани обвинети за шпионажа

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес го повика Пекинг да ги ослободи двајцата Канаѓани, обвинети за шпионажа во Кина, и кажа дека САД се „крајно загрижени“ за одлуката на кинеските власти да покренат обвинение против Мајкл Ковриг и Мајкл Спејвр.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека државниот секретар ги оценува обвиненијата за шпионажа против Ковриг и Спејвр како „политички мотивирани и целосно неосновани“.

„САД стојат зад Канада во повикот до Пекинг за итно ослободување на двајцата притворени и ја отфрла употребата на овие неоправдани притвори за да се изврши притисок врз Канада“, наведува Помпео.

Американскиот државен секретар ја поддржа Канада, повикувајќи ја Кина да им дозволи на конзуларните претставници да ги посетат двајцата Канаѓани во согласност со Виенската конвенција за конзуларни односи, бидејќи, како што додаде, Кина забранила таков пристап пред речиси шест месеци.

Поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и бизнисменот Мајкл Спејвр минатата недела беа обвинети за шпионажа и откривање државни тајни, а нивното апсење во западните земји се смета за притисок врз Отава за ослободување на директорката на „Хуавеи“, Менг Ванжу.

Менг беше уапсена во Ванкувер на 1 декември 2018 година, на барање на американските власти, под обвинение за кршење на санкциите против Иран. Таа и натаму е во Канада, каде е сослушувана во врска со барањето на САД за екстрадиција.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала