Помошта на ЕУ за развој на најниско ниво од 2016 година

Од:

Земјите членки на ЕУ во текот на 2019 година заедно издвоиле 75,2 милијарди евра за јавна помош за развој, односно 55,2 отсто од помошта на светска ниво, соопшти денеска Европската комисија.

Колективната помош на ЕУ и на нејзините земји членки изнесува 0,46 отсто на бруто националниот производ на ЕУ, што е претставува мал пад во однос на претходната година (0,47 отсто).

-Како прв светски донатор на јавна помош за развој, ЕУ спасува животи, ги зајакнува економиите и ја штити планетата во корист на милиони луѓе во целиот свет. Сепак, забележувам со загриженост дека нашиот колективен напор е на најниско ниво од 2016 година. Ги повикувам сите земји членки и чинители за развојот да ги удвојат своите напори. Сегашната криза со коронавирусот покажува до кој степен сме зависни едни од други и колку е важно да ја засилиме нашата поддршка за земјите партнери, изјави Јута Урпилаинен, еврокомесарката за меѓународни партнерства.

Комесарката потсети дека само три земји членки ги почитувале заложбите да издвојат 0,7 отсто од својот БНП за развојот, а тоа се Луксембург, Шведска и Данска.

Во осум земји членки е намалена стапката: Белгија, Естонија, Германија, Литванија, Холандија, Полска, Португалија и Шведска.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје