Помош од над 260 милиони евра на ЕУ за народот во Авганистан преку проекти

Од:

Европската Комисија на денешниот редовен состанок најави дека ќе финансира проекти во износ од 268,3 милиони евра за авганистанскиот народ.

Проектите се фокусираат примарно на образованието, платите, јавното здравје, како и помош за бегалците и внатрешно раселените лица.

Со ова Европската Комисија сака да докаже дека не ги запоставува Авганистанците пола година откако Талибанците ја преземаа власта и покрај тоа што ЕУ не го признава нивното владеење. Помошта на ЕУ ќе биде насочена преку меѓународни агенции главно на Обединетите Нации.

Еврокомесарката за меѓународни партнерства, Јута Урпилаинен изјави дека ЕУ не го заборава авганистанскиот народ.

-Задоволна сум што одговараме на основните потреби, рече таа, објаснувајќи дека финансираните проекти се фокусирани на исхрана, чиста боа, образование и поддршка за жените и девојките.

Таа додаде дека Европската Комисија, на барање на Советот на ЕУ и согласно поставените услови „реагираше брзо за да го ублажи страдањето на населението“.

Најголем дел од фондовите се издвоени за проекти за образование и здравство посебно во контекст на пандемијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ