Поместување тешки товари и повторувачки движења се најчести ризици за вработените на работа

Од:

Повторувачките движења, несреќите предизвикани на работа во возила, како и поместувањето на тешки товари се најголемите ризици со кои се соочуваат вработените на работното место, покажува истражувањето што го спроведе Европската агенција за безбедност и здравје при работа, а со кое беше опфатена и нашата земја.

Како најчести причини зошто одредените ризици на работното место не се третираат соодветно се посочуваат недостатокот на дополнителна експертиза и долгите процедури, дoдека како најголеми потешкотии во управувањето со безбедноста и здравјето при работа, анкетираните ги посочиле комплексноста на правните обврски, обемната документација, недостатокот на пари и недостатокот на свесност на вработените.

Според истражувањето, нашата држава е некаде на врвот по вклученоста на вработените во пријавувањето на ризиците на работното место. Пред нас се само Португалија, Финска, Швајцарија и Турција.

Во истражувањето беа опфатени 411 илјади лица како сопственици на фирми, менаџери, претставници на вработени за безбедност и здравје при работа, експерти за безбедност и здравје при работа.Истражувањето беше спроведено со цел да се увидат новите и итни ризици.

Резултатите од истражувањето за нашата држава беа презентирани за време на студиската посета на Европската агенција за безбедност и здравје што изминатата недела ја организираше Македонското здружение за заштита при работа.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Тројца повредени во сообраќајка во Битола

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

Четири лица потешко повредени во сообраќајка на Пониква

Горан Наумовски

Автобус излета од автопатот Белград-Ниш, пет лица се пренесени во болница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сплав во Смедерево потонал во текот на ноќта, бил полн со гости

А1он