Полското обвинителство нема да дозволи украинско учество во истрагата за ракетниот инцидент

Од:

Полското обвинителство нема да дозволи украински експерти да се приклучат на полско-американската истрага за ракетната експлозија во селото Пржеводов, бидејќи нема законски основи за тоа, пишува денеска полскиот весник „Жечпосполита“.

„Не постои таква законска можност и тоа би било спротивно на правилата за водење постапка, дотолку повеќе што се проверуваат сите можни верзии за инцидентот, вклучувајќи ја и онаа дека се работи за ракета на украинската противвоздушна одбрана“, велат за „Жечпосполита“ извори од Обвинителството.

Две лица загинаа во вторникот во полското село Пржеводов, при експлозија на ракета што погоди складиште за жито и усмрти работник и земјоделец кој донел пченка за откуп.
Истрагата по случајот ја води Полското обвинителство заедно со американски истражители чие учество, според сознанијата на Жечпосполита, било ограничено само на предавање доверливи разузнавачки податоци од системот АВАКС.
Украина од почетокот бара во истрагата да бидат вклучени и нејзини експерти, особено откако претседателот Володимир Зеленски и украинските служби до викендот тврдеа дека руска ракета паднала врз Полска, а не украинска, испукана да ја пресретне руската, како што соопштија полските власти, американската администрација и НАТО.

Полското обвинителство им дозволи на украинските експерти само да го разгледаат местото на инцидентот, а полскиот претседател Анджеј Дуда предупреди дека за вклучување на Украина во истрагата и за пристап до доказниот материјал мора да постои правна основа, согласно меѓународното право преку меѓудржавна правна помош.

„Едната можност е барање за правна помош според билатерален договор, а другата е да се формира меѓународна група истражители, за која одлучува главниот обвинител во Полска“, изјави шефот на Бирото за национална безбедност на Полска, Јацек Шевјера.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија