Полскиот вицепремиер поднесе оставка бидејќи не сака избори во време на епидемија

Од:

Потпретседателот на полската Влада, лидер на еден од двата коалициски партнери на владејачкта партија Право и правда, Јарослав Говин денеска поднесе оставка поради инсистирањето на владејачките конзервативци предводени од Јарослав Качински да се одржт избори на 10 мај, бидејќи сегашниот претседател Анжеј Дуда има шанси повторно да биде избран во првиот круг.

– Мислам дека изборите мора да бидат одложени, дека терминот 10 мај не доаѓа предвид. Им предложивме на нашите коалициски партнери да се одложат изборите за три месеци. Тие не прифатија и затоа што не успеав да ги убедам, јас поднесов оставка, рече денеска вицепремиерот Говин, кој е и министер за наука и високо образование.
Опозицијата бара Владата да прогласи состојба на елементарна непогода, како што е предвидено во случај на епидемија и на тој начин да се овозможи изборите да бидат одложени за три месеци.

Меѓутоа, Качински и неговите конзервативци сакаат изборите да се одржат сега, кога нивниот кандидат, актуелниот претседател Дуда, според анкетите, има можност за победа уште во првиот круг.

Како што пренесуваат полските медиуми, опозициските кандидати не се во можност да водат кампања за време на рестриктивните мерки на епидемијата, додека кандидатот на владејачката партија, бидејќи е шеф на државата, редовно се појавува во медиумите, а некои од кандидатите не можат да ги соберат и потписите поради ограничувања во движењето и нема да можат да се регистрираат.

Јавноста реагираше и на изјавата на претседателот Дуда кој рече дека граѓаните на Полска кога можат да одат во продавници можат да излезат и на гласачките места.

Во Полска има 4.201 лице заразено со коронавирус, од кои 98 починаа, а 162 се излекувани.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски