Полскиот претседател Дуда: Нема да дозволам право на посвојување од страна на лица од ист пол

Од:

Шефот на полската држава, Анджеј Дуда, во екот на кампањата пред вториот круг од претседателските избори закажани на 12 јули, поднесе предлог за уставни измени со кои ќе се забрани лицата во заедниците од ист пол да посвојуваат деца.

Тој за јавноста објасни дека можноста за посвојување деца е дозволена само од страна на брачна двојка, која е предвидена според полскиот Устав, а тоа значи дека посвојувањето е резервирано само за заедниците помеѓу маж и жена. Доколку две третини од пратениците и сенаторите гласаат за уставните измени, судовите и надлежните државни органи би биле должни да проверуваат дали некој што сака да посвои дете како поединец не е во врска со лице од ист пол.

Дуда, кој во вториот круг од претседателските избори влезе како кандидат на владејачката конзервативна парија Право и правда и водеше нагласено анти-ЛГБТ кампања, истакна дека сексуалните малцинства не се луѓе, туку „идеологија, која е полоша и од болшевичката“.

Актуелниот полски претседател во кампањата дури се обиде да го претстави својот политички опонент од Либералната граѓанска платформа, Рафал Тшасковски, како неморален, и тврдеше дека доколку тој победи на изборите, ќе им овозможи на луѓето од истополовите бракови да посвојуваат деца.

Тшасковски истакна дека Дуда со иницијативата и нападите врз ЛГБТ-лицата се обидува да го сврти вниманието на Полјаците од реалните проблеми, кои Владата не ги решава, како и од другите афери на конзервативната десница.

Дуда во првиот круг освои 43,5 проценти од гласовите, а Тшасковски – 30,46 отсто. Според досегашните анкети, вториот круг е целосно неизвесен или со блага предност за актуелниот шеф на државата.

Би можело да ве интересира

Полска трет ден по ред бележи рекордно дневно зголемување на новозаразени со коронавирусот

А1он

Полскиот премиер сака да избегне повторно воведување блокада

Ана Ололовска

САД преместуваат речиси 12.000 војници од Германија во Полска, крај Црното Море и Прибалтикот

А1он

Најавата за повлекување на Полска од Истанбулската конвенција го загрижува Советот на Европа

Ана Ололовска

По изборите во Полска до Врховниот суд пристигнаа речиси илјада приговори

Ана Ололовска

ДПА: Полската опозиција ќе го оспори резултатот од неделните претседателски избори

Ана Ололовска