Полскиот премиер сака да избегне повторно воведување блокада

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека сака да избегне уште едно воведување блокада во земјата и истакна дека Полска ќе користи нови методи за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Полска ќе ја анализира ситуацијата со коронавирусот и ќе донесе одлуки за мерките во втората половина на август, рече Моравјецки на прес-конференција.

Полска денеска регистрира најголемо дневно зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата.

Како што соопшти полското Министерство за здравство на својот профил на Твитер, денеска се регистрирани 615 нови случаи на Ковид-19.

Досега во земјата починале 1.694 луѓе.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски