Полскиот Парламент со тесно мнозинство го изгласа спорниот Закон за медиуми

Од:

Полските пратеници синоќа гласаа за нацрт -закон со кој, според опозицијата, се обидува да се замолчи американскиот информативен канал што ја критикува владата.

Вашингтон предупреди дека доколку не се обнови лиценцата за ТВН24 на Дискавери груп, идните инвестиции во Полска би можеле да бидат доведени во прашање, додека опозициските политичари го критикуваат законот како напад врз медиумските слободи.

„Денешното гласање е напад врз слободата, напад врз медиуми што се независни од владата“, коментираше на Твитер Гргегорж Шетина, портпарол на главната опозициска партија, Граѓанска платформа.

Предлог -законот, со кој се заострува забраната за компании надвор од Европскиот економски простор да ги контролираат полските телевизии, беше усвоен со 228 гласови „за“, 216 „против“ и 10 воздржани.

Предлог -законот сега ќе оди на усвојување во Сенатот.

Илјадници Полјаци ширум земјата завчера протестираа против задушувањето на медиумските слободи.

Во Варшава, еден од околу 80 градови каде беа организирани протести, луѓето носеа транспаренти со паролите: „Слободни медиуми, слободни луѓе, слободна Полска“ и „Полска ослободена од фашизмот“.

-Ако тоа се случи (ТВН24 да ја загуби лиценцата) … тоа е крај, нема демократија, нема слобода на говор, изјави 66-годишната Ивона Лелива-Копистинска.

„Дали сакаме полските медиуми да бидат купени од некого од светот, без никакви регулативи, без никакви пречки?“, запраша премиерот Матеуш Моравиецки пред новинарите.

Владеачката Партија на правото и правдата (ПиС) наведува дека сака да ги спречи земјите како Русија и Кина да ја преземат контролата врз полските телевизии, но критичарите велат дека вистинската цел е да се замолчи ТВН24, најпопуларната информативна телевизиска станица во земјата, чија лиценца истекува на 26 септември.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски