Полски весници излегоа од печат со празна насловна страница

Од:

Полски дневни весници објавија денеска отворено писмо до Европскиот парламент додека дел од водечките дневни весници излегоа од печат со празна насловна страница. Тие апелираат дигиталните гиганти како Гугл и Фејсбук да не заработуваат од содржини и вести од традиционалните медиуми.

Во писмото тие апелираат до европските пратеници на 12 септември да гласаат за член 11 од новата директива на ЕУ според која интернет гигантите кои пренесуваат линкови и кратки содржини од медиуми мора да исплатат надомест на весници, списанија и новински агенции од каде е земена веста.

Според нив, тоа би било од пресудно значење за заштита на слободното, професионално и независно новинарство бидејќи интернет актерите бесплатно користат медиумски содржини, јакнат свое место на пазарите на дигитални реклами и контролираат повеќе од 70 отсто од неговата вредност.

Тие велат дека доколку се усвојат новите правила, профитот од користење на вестите ќе оди кај тие што ги произведуваат вестите и финансираат.

Би можело да ве интересира

Полскиот претседател Дуда положи заклетва за вториот мандат

А1он

Полска: Пакетите со кинески семиња можат да се сметаат за биотероризам

А1он

Полска трет ден по ред бележи рекордно дневно зголемување на новозаразени со коронавирусот

А1он

Полскиот премиер сака да избегне повторно воведување блокада

Ана Ололовска

САД преместуваат речиси 12.000 војници од Германија во Полска, крај Црното Море и Прибалтикот

А1он

Најавата за повлекување на Полска од Истанбулската конвенција го загрижува Советот на Европа

Ана Ололовска