Полски новинар го нарече претседателот „кретен“, може да добие казна затвор од три години

Од:

Полскиот писател и новинар Јакуб Зулцзик може да добие казна затвор од три години затоа што го нарече претседател Анджеј Дуда „кретен“ во објава на Фејсбук во ноември.

Зулцзик го обвини Дуда дека не го разбира американскиот изборен процес поради твитот што го испрати до Џо Бајден.

Дуда тогаш во твитот не ја призна победата на Бајден, туку ја чекаше номинацијата на Изборниот колеџ и ја пофали неговата „успешна кампања“.

Откако американските медиуми го прогласија Бајден за победник на 7 ноември, полскиот претседател објави на Твитер: „Честитки за Џо Бајден за успешната претседателска кампања“.

„Додека ја чекаме номинацијата на Изборниот колеџ, Полска е решена да го одржи високото ниво и високиот квалитет на полско-американското стратешко партнерство за уште посилен сојуз“, додаде Дуда.

Зулцзик се осврна на твитот на Дуда на Фејсбук и напиша дека ја проучувал американската политика со голем интерес и дека „никогаш не чул за нешто како номинација за Изборниот колеџ“. „Џо Бајден е 46-от претседател на Соединетите Држави. Анджеј Дуда е кретен”, напиша Зулцзик.

Обвинителите посочија дека неговата објава е навредлива и неприфатлива.

Јакуб Зулцзи, новинар и автор на романот „Заслепен од светлата“ од 2014 година, рече дека за обвиненијата дознал преку медиумите.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски