Полската Влада побара продолжување на вонредната состојба на границата со Белорусија

Од:

Полската Влада денеска побара од претседателот Анджеј Дуда да го потпише указот за продолжување на вонредната состојба на границата со Белорусија за уште 60 дена поради зголемениот бран бегалци.

Предлогот допрва треба да биде одобрен од Сејмот на полскиот Парламент.

-На денешната седница, владата одлучи да побара од претседателот Дуда да ја продолжи вонредната состојба за уште 60 дена. Ситуацијата на границата е се уште тешка. Од почетокот на оваа хибридна војна, бидејќи така треба да се нарече, 10.000 лица се обидоа да ја минат белоруско-полската граница, изјави владиниот портпарол Пјотр Милер.

Поради се почестите обиди за илегални преминувања на границата од Белорусија кон балтичките земји и Полска, од 2 септември во сила е вонредна состојба во појас широк три километри на границата меѓу Полска и Белорусија, а во кој има 183 населби.

И во ова ново барање за продолжување на вонредната состојба, останува владиното барање да не се дозволи новинарите да известуваат од пограничната зона, додека балтичките земји на новинарите им издаваат пропусници за известување од границата, а работата на хуманитарните организации е забранета. Во забранетата зона не можат да влезат ниту адвокатите, кои би можеле да добијат полномошно да бараат азил во Полска во име на бегалците.

Пограничната стража, полицијата и војниците кои и помагаат ќе продолжат да ги враќаат бегалците кои преминуваат во Полска, назад во Белорусија, пишува весникот „Газета виборча“.

Полскиот Устав дозволува вонредната состојба да се продолжи само еднаш, и вкупно не смее да трае подолго од 90 дена.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба