Полска: Се истражува лек за Ковид-19 заснован на имуноглобин

Од:

Во Полска се спроведува истражување за иновативен лек за Ковид-19, кој содржи имуноглобин ИГГ, а ќе се спроведува во градот Лублин.

Произведениот лек ќе се заснова на крвната плазма на луѓе кои се опоравиле од коронавирусот, пренесува „Поланд ин“. За целите на овој проект, крвна плазма ќе биде земена од околу 230 луѓе, што се очекува да биде доволно за околу 3.000 дози.

Имуноглобулин ИГГ, антитела што се користат за лекување на пациенти со коронавирус, ќе ги произведува полската компанија Биомед Лублин витворња суровиц и Шчепионек. Ббиомед Лублин објави дека лекот ќе биде подготвен за тестирање, три месеци по приемот на плазмата.

Поради законските регулативи, пред да се одобри, лекот мора да помине клинички тестови за да се потврди неговата ефикасност и безбедност за употреба.

Компанијата наведува дека лекот може безбедно да се чува за неколку месеци и да се користи кога се зголемува стапката на раст на инфекцијата, што дава потенцијал да се подготват доволно дози во случај на, на пример, втор бран на епидемијата.

Проектот е кофинансиран од Агенцијата за медицински истражувања.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски