Полска предлага дополнителни давачки за оние кои продолжуваат да купуваат руска нафта

Од:

Полските власти предложија во рамки на новиот пакет санкции против Русија, да се воведат дополнителни царини за државите, што продолжуваат да купуваат руска нафта, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

– Полска предложи специјална исплата за изедначување. Ако некој продолжи и понатаму да увезува нафта од Русија и да ја купува поевитно, бидејќи земјата има интерес да ја продаде по секоја цена, тој нема да може да има корист, каква што имаат оние држави и бизнисмени, што се откажале порано од нафтата, изјави тој.

Моравјецки забележа оти има неколку земји што не можат толку брзо, за половина или дури за една година, да се откажат од руска нафта. Тоа се Унгарија, Чешка, Словачка, Австрија.

– Овие земји се стремат кон подолг транзициски период. Мора да се земат предвид одредени грижи, но и овие земји мора да бидат похрабри и да се откажат од снабдување нафта од Русија, додаде полскиот премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија