Полска планира да ја продолжи забраната за летови кон Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора

Од:

Полската влада сака да ја продолжи забраната за меѓународни летови до 25 август 2020 година за 45 земји, пренесува порталот „Екс-ЈУ Авијација“.

Земјите на кои забраната за летање ќе продолжи да се применува се, меѓу другото, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора.

ЛОТ- најголемата полска авиокомпанија која лета за Скопје, Подгорица и Белград, во моментов планира да ги продолжи операциите во главниот град на Северна Македонија и Србија во септември, додека летовите кон Подгорица се прекинати до почетокот на зимската сезона 2020/2021 година.

Одлуката на владата во Варшава ќе влијае и врз работењето на Виз Ер и Рајанар од Полска до Подгорица.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба