Полска одлучи да го распушти дисциплинскиот совет на Врховниот суд на барање на ЕУ

Од:

Полска одлучи да го распушти дисциплинскиот совет на Врховниот суд во согласност со барањата на Европската унија, соопшти денеска премиерот Матеуш Моравиецки.

-Имаше прашање за дисциплинскиот совет на Врховниот суд. Да. Имаме намера да го распуштиме, рече Моравјецки за време на пленарната сесија на Европскиот парламент.

Тој додаде дека советот ќе се распушти бидејќи „механизмите што беа воведени, механизмите на судска одговорност, не ги исполнија нашите очекувања“.

Врските меѓу Варшава и Брисел се влошија во текот на овој месец откако полскиот Уставен суд одлучи дека два клучни члена од договорот за ЕУ ​​се некомпатибилни со Уставот на Полска, што значи дека земјата ќе може да продолжи со судските реформи, што се осудени од највисоките европски официјални претставници.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски