Полска не и дава на Европската комисија пристап до границата со Белорусија

Од:

Не стивнува кризата со бегалците на границата меѓу Белорусија и Полска, а Европската Унија нема пристап до теренот и бара полските власти да и дадат дозвола, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, со денови бара одговор од полските власти за да ја посети белоруско-полската граница, која е и надворешна граница на Европската Унија.

Полска и ЕУ го обвинуваат режимот на белорускиот претседател, Александр Лукашенко, дека ги инструментализира бегалците од Блискиот Исток и намерно ги турка на надворешните граници на ЕУ за да ја дестабилизира.

Варшава прогласи вонредна состојба на границата и извештаите за тортура и убиства на бегалците редовно пристигнуваат до јавноста, но без можност за ЕУ да ги провери бидејќи нема пристап.

Денеска портпаролот на Европската комисија, Адалберт Јанз, повтори дека ЕУ е посветена да ја поддржи Полска, но и дека е потребно присуство на ЕУ.

-Како што истакнавме границите со Белорусија се граници на ЕУ и најдобар начин на управување е да се користат заедничките ресурси на ЕУ базирани на заедничките вредности на ЕУ, изјави Јанз.

Тој порача дека агенциите за гранично управување на ЕУ остануваат на располагање на Варшава и потврди дека еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон сѐ уште не добила дозвола да отпатува на границата.

-Важно е да има транспарентност, и со тоа да се фокусира енергијата на помош на луѓето, отсуството на пристап за невладините организации и медиумите охрабрува извештаи и гласини кои не можеме да ги провериме, рече портпаролот.

Генералната директорка на директоратот за внатрешни работи ќе отпатува утре за Полска, но за средби со властите и невладините во Варшава, таа нема да ја посети границата со Белорусија.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад