Полска купува 45 милиони дози од четири различни вакцини

Од:

Полска потпиша договори со повеќе фармацевски компании за набавка на 45 милиони дози вакцина против коронавирус, соопшти денеска премиерот Матеус Моравијецки.

-Полска ги потпиша потребните договори. Нарачавме 45 милиони дози од компаниите „Фајзер“, „БиоНТек“, „АстраЗенека“ и „Џонсон & Џонсон“ и подготвени сме да потпишеме дополнителни договори, рече Моравијецки во полскиот град Лоѓ, пренесоа британските медиуми.

Премиерот додаде дека вакцинацијата ќе биде бесплатна и ќе се одвива на доброволна основа.

Гардијан пренесе дека Моравјецки изразил надеж дека вакцините ќе им бидат достапни на граѓаните до февруари 2021 година.

Шефот на кабинетот на полскиот премиер, Михаж Дворчик изјави дека стратегијата за вакцинација на Полска треба да заврши до крајот на неделава.

Според Министерството за здравство, денеска бројот на заболени од коронавирус во Полска надмина еден милион.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски