Полска ќе бара отштета од Германија за Втората светска војна

Од:

Полските власти се подготвуваат да побараат надомест од Германија за штетите претрпени за време на Втората светска војна и покрај тврдењата на Берлин дека Варшава се откажала од таквите права во 1953 година.

Меѓутоа, пратеникот на полската владејачка партија Право и правда, Аркадиуш Муручик денеска изјави оти нема документ или запис кој покажува дека Полска некогаш се откажала од правото да бара надомест од Германија за штетите за време на Втората светска војна.

Муларчик вели дека ставот на Германија не е поткрепен со докази, а копијата од белешката од 1953 година потпишана од тогашниот полски лидер, според него, не е правно обврзувачка.

Тој верува дека исплатата на отштетата ќе ги подобри билатералните односи со Берлин, додавајќи оти Полска не била соодветно обесштетена за човечките и материјалните загуби, кои ги претрпела за време на германската окупација.

Инаку, Муларчик го предводи тимот експерти, кои ги пресметуваат штетите и има намера резултатите да и ги претстави на Германија.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис