Полска ја заврши „мигрантската ограда“ долж границата со Белорусија

Од:

Полска ја заврши изградбата на 187 километри долга ограда долж границата со Белорусија, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на посетата на преминот Кузница.

Полска и Белорусија делат околу 418 километри граница, меѓутоа, освен 187 километри ограда, најголемиот дел од границата минува низ езера и реки.

Минатата година ова подрачје се претвори во жариште на миграцијата. Илјадници луѓе од Блискиот Исток пристигнаа на границата, наводно откако биле повикани во Белорусија и транспортирани до границата.

Границата со Полска е и надворешна граница на Европската унија.

Полските сили во август подигнаа импровизирана ограда, која од јануари постепено беше заменета со ограда висока 5,5 метри со сензори и камери, за што се потрошени 366 милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија