Полска ја обвинува Русија за немањето воена репарација од Германија

Од:

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, изјави дека само заради „одлука на Русија“ неговата земја не добила воена репарација од Русија, пренесуваат руските медиуми.

На полската телевизија Блашчак изјави дека Русија донела одлука заради која Полска не добила повратна отштета од Германија. Според него, неговата земја не била суверена во оваа одлука.

Блашчак смета дека се уште е отворено прашањето за добивање надомест од Германија. Тој изрази задоволство од фактот што германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се изјасни за виновен за улогата на неговата земја во избувнувањето на Втората светска војна.

Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно во интервју за „Билд“ ја најави намерата неговата земја да и ја „наплати“ на Германија штетата што и била нанесена во текот на Втората светска војна.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека ова прашање за оштетата кон Полска е затворено за неговата земја.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов