Полска ја обвини Белорусија дека користи бегалци како жив штит

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки изјави денеска дека неговата земја е подготвена да дозволи влез на некои од околу 30-те бегалци од Авганистан, кои со денови се блокирани без храна и вода на ничија земја меѓу Полска и Белорусија.
Моравиецки, сепак, додаде дека Полска не се согласува режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко на тој начин „да и држи пиштол во чело“.

– Некои луѓе би можеле да бидат пуштени во Полска, но важна е веродостојната идентификација. Ние имаме должност да ја браниме нашата граница. Замислете таа да не е непропустлива. Пиштолот кој г -дин Лукашенко ни го држи впрен на нашите чела, би можел тогаш да пукне, односно, преку границата би можеле да влезат многу мигранти, бегалци, луѓе со кои сочувствувам, но кои се алатка во неговите раце, истакна Моравиецки.

Бегалците, кои кампуваат во ничија земја на преминот Уснаж Гони, се спречени од полската гранична стража да влезат во таа земја, а Белорусија не им дозволува да се вратат и евентуално да побараат азил.

Моравиецки, исто така, рече дека Полска никогаш нема да се согласи Белорусија да префрли бегалци од Авганистан и Блискиот Исток, иако тие можат да побараат азил во Белорусија, бидејќи таа е регистрирана како безбедна земја.

На полско-белоруската граница се блокирани 32 бегалци од Авганистан, меѓу кои жени, 15-годишно девојче и болни луѓе. Тие 11 дена се наоѓаат на ничија земја, а патувале 25 дена, соопштија претставници на полската фондација Спас.

Фондацијата успеа на групата да и достави храна, предмети за лична хигиена и шатори, а од нив презеде полномошно за адвокати, кои во нивно име ќе поднесат барање за азил во Полска. Според наводите на фондацијата, полската гранична стража не им дозволува на бегалците да аплицираат за азил.

Шефот на бирото за надворешна политика во кабинетот на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска во Литванија разговара за проблемот со зголемениот прилив на бегалци, за што Вилнус ја обвинува Белорусија.

– Ова не е прашање дали можеме да ги пуштиме или не. Тоа е прашање дека друга земја, режим, ги користи луѓето како жив штит. Не смееме да го дозволиме тоа. И јас зборувам за тоа денес во Литванија, изјави Јакуб Кумох.

Кога Литванија воведе вонредна состојба на границата со Белорусија, бегалците почнаа да пристигнуваат на границите на Белорусија со Летонија и Полска

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба